Трамп ќе сведочи во истрага за измама

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите две највозрасни деца почнувајќи од денеска треба да сведочат во истрагата на њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс за наводите за финансиска измама во Организацијата Трамп, се вели во судската пријава, по низа правни загуби во обидот на екс-претседателот да ја блокира истрагата.

Побарано сведочење од Трамп и неговите деца поради „значајни докази“ за измама

Апелациониот суд во Њујорк на крајот од минатиот месец пресуди дека поранешниот претседател, заедно со Иванка Трамп и Доналд Трамп Џуниор, мора да сведочат под заклетва. Одредбата поднесена во средата и потпишана од адвокатите на Трамп и неговите деца го постави 15 јули како датум за почеток на сведочењето, кое треба да заврши „до следната недела“. Трамп во многу наврати ја нарече истрагата политички „лов на вештерки“.