Претседателот на Бугарија Румен Радев најави дека денеска ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до тоа, предвремени парламентарни избори. „БСП за Бугарија“, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ веќе најавија дека се подготвени да го добијат третиот мандат и да се обидат да формираат нова бугарска влада.
Бугарија блиску до нови избори, „Продолжуваме со промената“ не успеа да формира коалиција
Вчера претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, соопшти дека нема да го остварат правото на мандат за формирање влада и нема да предложат премиер. ГЕРБ-СДС, ДПС и екстремните националисти „Преродба“ се изјасни за предвремени парламентарни избори во Бугарија, затоа што овој парламент веќе не постои.