Во Грција потврдени 13 случаи на мајмунски сипаници

Илустративна фотографија

Во Грција заклучно со денеска се потврдени вкупно 13 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје.

Од потврдените случаи, осум се увезени, останатите четири се по контакт со сомнителен случај кај странски државјанин во земјата, а еден случај не пријавил патување во странство или контакт со заразен.

САД ја зајакнаа кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници

Надлежните соопштија дека лицата веќе оздравеле или оздравуваат и имаат генерално добра клиничка состојба и додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.