Брнз: францускиот предлог го штити интересот на Северна Македонија во пристапниот процес

американската амбасадорка Кејт Мари Брнз

Кога станува збор за пристапувањето во ЕУ тоа е разговор кој треба да го водат Северна Македонија и Унијата, а Вашингтон отсекогаш го поддржувал пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, порача во интервју за МИА, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и изрази надеж дека францускиот предлог ќе биде компромис што ќе ги отвори следните чекори. Во врска со содржината на протоколот и дали е тој нешто за кое македонските граѓани треба да бидат загрижени, Брнз вели дека САД на процесот гледаат одвоенo и секогаш истакнувале дека билатералните прашања треба да бидат решавани надвор од преговарачката рамка.

Брнз - Почнете преговори со ЕУ, а потоа ќе имате можност за различни избори ако не ве слушаат

„Нашата позиција е многу јасна. Нашата оценка е дека предлогот го штити интересот на Северна Македонија во пристапниот процес. Тоа е наше и мислење на нашите експерти. Билатералниот протокол до некаде изгледа дека е споен во овие два процеса. Билатерален договор меѓу Скопје и Софија треба да има. Слушнавме како некои нешта се нафрлаат. Мислам дека ова е дел од забуната, дека јавноста не е сигурна какви ќе бидат тие дискусии. Ќе има посебни дискусии, и мислиме дека тие прашања треба да бидат решени врз билатерална основа и тоа го кажавме уште на почетокот. Секако не само за влезот во ЕУ, туку и за вашата долгорочна стабилност важно е тие прашања да се решат“, истакнува, меѓу другото, амбасадорката Брнз.