Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во македонското Собрание изјави дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи наскоро доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог „конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш“. Фон дер Лајен изјави дека со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, во најкраток можен рок ќе започне потпишувањето на билатералните договори меѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик и на другите официјални јазици на Унијата.
Претседателот Пендаровски се сретна со претседателката на ЕК дер Лајен
Според неа, прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокирање на европските интеграции и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредокот на Северна Македонија. Шефицата на ЕК имсе обрати пред пратениците пред почетокот на седницата на која тие ќе го разгледаат предлогот за преговарачката рамка за пристапните преговори што француското претседателство со Унијата им го предложи на Советот на ЕУ на 30 јуни, односно таканаречениот француски предлог за отстранување на бугарското вето. За време на нејзиното обраќање дел од пратениците држеа пораки против францускиот предлог.