Борел и Вархеји во посета на Црна Гора

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, денеска ќе ја посетат Црна Гора, за да учествуваат седницата на Советот за стабилизација и пристапување на ЕУ и Црна Гора.

Абазовиќ- „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината

Тие ќе разговараат со претставници на црногорската влада за процесот на стабилизација и асоцијација во контекст на минатогодишниот извештај на ЕУ за Црна Гора, соопшти Владата. „Советот ќе ги разгледа и билатералните односи меѓу ЕУ и Црна Гора вклучени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ќе размени мислења за актуелните настани во Црна Гора и Западен Балкан“, се додава во соопштението.