Додека беснеат битки на истокот и југот на Украина, министерот за надворешни работи на земјата разурната од војна ја отфрли можноста за отстапување на територија на Русија доколку некогаш продолжат мировните преговори и јасно стави до знаење дека такви преговори не се водат. „Целта на Украина во оваа војна е да ги ослободиме нашите територии, да го вратиме нашиот територијален интегритет и целосниот суверенитет на истокот и југот на Украина“, рече денеска министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Сепаратистите во Украина поддржани од Русија го укинаа мораториумот на смртната казна
Русија презеде контрола врз широки делови од украинската територија на југ долж брегот на Црното Море и во источните провинции Луганск и Доњецк кои го сочинуваат регионот Донбас. Русија во 2014 година, исто така, го зазеде и незаконски го анектираше украинскиот полуостров Крим и оттогаш ги поддржува сепаратистите кои окупираа делови од провинциите Луганск и Доњецк. На бојното поле, руските сили се фокусираат врз неколку мали градови на приодите кон поголемите градови Славјанск и Краматорск во провинцијата Доњецк додека тие продолжуваат со нивната настојување да го заземат Донбас на истокот од земјата, се вели во извештај на британското разузнавање.