Британските конзервативни пратеници денеска ќе го одржат првиот круг гласање за избор на заменикот на Борис Џонсон за претседател на партијата. Неопходната поддршка од 20 колеги ја обезбедија осум кандидати. Попладнево ќе гласаат 358 пратеници од конзервативците, а оние кои нема да добијат 30 гласа ќе бидат исфрлени од листата на кандидати. Повеќе кругови на гласање ќе се одржат утре, а доколку има потреба и следната недела. Околу 180.000 членови на Конзервативната партија низ Британија ќе гласаат за последните двајца кандидати кои остануваат во трката. Победникот треба да биде објавен на 5 септември и автоматски ќе стане премиер.
Британскиот премиер Џонсон се согласи да поднесе оставка
Сегашните фаворити се поранешниот министер за финансии Риши Сунак, министерката за надворешни работи Елизабет Трус и министерот за трговија Пени Мордонт. Борис Џонсон претходно поднесе оставка како лидер на конзервативците поради серија оставки на владата и бунт во партијата, што беше предизвикан од голем број етички скандали во последниве месеци. Џонсон ќе остане на функцијата се додека не биде избран негов заменик за лидер на партијата.