Германија ќе престане да купува руски јаглен на 1 август, а нафта на 31 декември

илустрација

Германија ќе го прекине купувањето руски јаглен на 1 август и ќе престане да купува руска нафта на 31 декември, бидејќи земјата сака да стави крај на енергетското потпирање врз Русија по одлуката на Москва да ја нападне Украина. Русија претходно испорачуваше 40 отсто од германскиот јаглен и 40 отсто од нејзината нафта, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

Што е следно откако Русија го намали гасот за Европа?


Тој додаде дека клучниот предизвик што претстои ќе биде да се пополни огромната празнина што ќе остане во снабдувањето со гас откако Германија и целата Европска унија ќе се одвикнат од руските испораки, кои сега изнесуваат 158 милијарди кубни метри годишно.