Сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина го укина мораториумот на смртната казна неколку недели откако осудија на смрт тројца странци кои беа заробени на бојното поле. Денис Пушилин, шеф на сепаратистите поддржани од Русија во украинскиот регион Доњецк, потпиша декрет со кој се укинува мораториумот на смртната казна, се вели во соопштението цитирано од руската државна новинска агенција ТАСС. Тројцата странци - Британците Ејден Аслин и Шон Пинер и Мароканецот Саудун Брахим - беа осудени на смрт во јуни за „платенички активности“. Сите тројца велат дека служеле во украинската војска кога биле заробени од проруските сепаратисти додека се бореле со руските сили.
Украина прави сè да ги спаси тројцата странски борци осудени на смрт
Тие во моментов чекаат одлука во жалбената постапка. Уште двајца Британци кои беа заробени на 1 јули се обвинети за извршување „платенички активности“. Станува збор за хуманитарецот Дилан Хили и воениот волонтер Ендрју Хил. Сепаратистите држат и други странски борци, меѓу кои и двајца од САД. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста тие да бидат стрелани и изјави дека Русија нема да се меша во јурисдикцијата на, како што рече, Доњецката Народна Република, која Москва ја призна како независна три дена пред да започне со инвазијата на Украина. Само Русија и Сирија ја признаа областа Доњецк како независна. Британија и другите западни влади изразија осуда откако Аслин, Пинер и Брахим беа осудени на смрт.