Најмала вредност на еврото во однос на доларот во последните 20 години

пониска вредност на еврото во однос на долар

На пазарот на пари денеска едно евро вреди еден долар, што е најслабата вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на претпазливоста за ситуацијата во еврозоната, бидејќи Европа е многу повеќе погодена од тешкотиите во снабдувањето со енергија отколку САД. И покрај значителните поскапувања, Европската централна банка (ЕЦБ) заостанува зад мерките на другите земји, па референтната каматна стапка не ја подигна само американската ФЕД, туку и Британија или Швајцарија. Затоа вредноста на еврото со недели паѓа, не само во однос на американскиот долар, туку и во однос на кинескиот јуан и другите валути.

Федералните резерви на САД ја зголемија каматна стапка за да се ограничи инфлацијата

Според некои економисти, пониската вредност на еврото не мора да биде недостаток, односно стоките произведени во еврозоната се поевтини на светскиот пазар, што дури може да биде корисно за земја извозник како Германија, но проблемот е што енергијата и повеќето суровини на светскиот пазар се пресметуваат во долари. Поради политиката на Федералните резерви на САД, но и од други причини, се чини дека инвеститорите и шпекулантите имаат поголема доверба во американските хартии од вредност и затоа им се потребни долари. Финансиските пазари најмногу ги мачи неизвесноста, особено кога е во прашање испораката на руски гас на европскиот пазар.