Прв случај на мајмунски сипаници регистриран во Русија

Мајмунски сипаници се ендемична зараза во Западна и Централна Африка

Русија го идентификуваше првиот пациент кој боледува од мајмунски сипаници, објави Роспотребнадзор. „Заразата е откриена кај млад човек кој се вратил од патување во Европа. Тој се пријавил во медицинска установа поради карактеристичен осип“, се вели во соопштението на државната здравствена служба. Мајмунските сипаници предизвикуваат треска, главоболки, болки во мускулите, треска, замор и осип што може да изгледа слично на оној предизвикан од сифилис и херпес.

ЕУ купува 110 илјади дози вакцини против мајмунски сипаници

Повеќе од 50 земји каде што мајмуните сипаници не се ендемични, пријавиле епидемии на вирусна болест, а потврдените случаи надминуваат 7.600. Оваа болест долго време е ендемична во Западна и Централна Африка. Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за јавно здравје од болеста во моментов е „оценет како умерен“, но предупреди дека ризикот „може да стане висок доколку овој вирус ја искористи можноста да се наметне во неендемични земји како широко распространет човечки патоген. Нема смртни случаи поврзани со појавата во неендемични земји.