Првата фотографија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, вреден 10 милијарди долари му дава моќност на човештвото да погледне поблиску до почетокот на времето и до работ на универзумот. Телескопот ја откри најјасната слика досега од раниот универзум, која датира 13 милијарди години наназад, соопшти НАСА. Фотографијата, официјално објавена на церемонијата во Белата куќа на која присуствуваше и претседателот Џо Бајден, ќе биде проследена со откривање на уште четири галактички снимки од телескопот. Првичната фотографија, која прикажува стотици дамки, ленти, спирали и вител од бела, жолта, портокалова и црвена боја, е само „една мала дамка од универзумот“, изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
НАСА го лансираше најмоќниот сателит во вселената
Фотографиите што ќе бидат објавени денеска вклучуваат поглед на џиновска гасовита планета надвор од нашиот Сончев систем, слики од маглина каде се раѓаат и умираат ѕвездите и ажурирање на слика од пет цврсто групирани галаксии кои танцуваат една околу друга. Вселенскиот телескоп, најголемиот и најмоќниот во светот, беше лансиран во декември 2021 година од Француска Гвајана во Јужна Америка. Во јануари стигна до местото на набљудување на околу 1,6 милиони километри од Земјата. Сите инструменти се заштитени и се чуваат ладни со заштитник за сонце со големина на тениско игралиште.