Чешка сака кандидатите за ЕУ да добијат нешто практично во процесот на проширување

Чешка, која го презеде претседавањето со ЕУ во почетокот на јули, активно размислува за подобрување на процесот на проширување, а еден од фокусите, според официјалните претставници во Прага, е да му се дадат на кандидатскиот статус некои предности, освен само титулата и бирократските процеси што ги повлекува овој процес, пишува Фајненшал тајмс. Оптимизмот што се прошири по одлуката за доделување кандидатски статус за ЕУ на Украина и Молдавија не можеше да ја сокрие студената реалност дека темпото на проширување на ЕУ најверојатно ќе остане замрзнато. Фајненшал тајмс пишува дека ниту една земја веројатно нема да влезе во ЕУ со години или децении, па дури и на Балканот, каде што работите напредуваа со компромисот кој може да ја „турне“ кандидатурата на Северна Македонија во „немирни води“ поради протестите во Скопје.

Блинкен - Борел: Предлогот ги зема во предвид грижите на Бугарија и Северна Македонија

Меѓу земјите кои активно се занимаваат со темата за проширување е Австрија, чиј министер за надворешни работи Александар Шаленберг пролетва презентираше низа идеи. Како што рече Шаленберг во интервју за ФТ, кандидатите за ЕУ треба да добијат побрз пристап до „делови од заедничкиот пазар“ и програмите на ЕУ како дел од транзицијата кон полноправно членство. Ова може да вклучува учество во размена на студенти преку програмата Еразмус или во политиката за нула такси за роаминг.

Бибер: Францускиот предлог ќе го закопа процесот на проширување

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски се согласи дека проширувањето е толку долг процес што би било добро да им се даде на кандидатите за членство „нешто практично“ што ќе ја подобри позицијата на ЕУ и ќе донесе економски придобивки. Прага, исто така, понуди да биде домаќин на неформален самит на лидерите на ЕУ и земјите кои не се членки во октомври. Сето ова го одразува ставот дека ЕУ, соочена со рускиот напад врз демократските вредности во Европа, не може да си дозволи одбранбен пристап, туку ќе мора да ги покаже предностите на либералниот поредок врз основа на правилата што ги прокламира.