Сончево време со температура до 29 степени

Сончево време во Македонија.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.