САД соопштија дека ќе испратат повеќе ракетни системи со долг дострел и со повеќекратно лансирање во Украина, додека силите на Киев се подготвуваат да го забават руското напредување за заземање на повеќе територии во источниот регион Донбас.
Пакетот за оружје на САД објавен на 8 јули вклучува четири артилериски ракетни системи со висока подвижност, познати како HIMARS, со што вкупниот број на овие системи испратени во Украина од минатиот месец ќе достигне 12.
Најавата дојде откако рускиот шеф на дипломатијата се судри со неговите западни колеги на состанокот на Г-20 во Бали, Индонезија, и откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека продолжувањето на санкциите против Русија може да доведе до катастрофално зголемување на цената на енергијата за Европа.
Амбасадорот на Русија во Велика Британија, во меѓувреме, предвиде мрачна перспектива за скорешно завршување на војната, велејќи дека руските трупи ќе го заземат остатокот од Донбас во источна Украина и дека веројатно нема да се повлечат од копното преку јужниот брег.
Британското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руските сили најверојатно сега паузираат за да се надополнат, пред да преземат нови офанзивни операции во регионот на Доњецк, додека украинските трупи се подготвуваат да потиснат уште еден напад.
Украинската војска објави дека на 8 јули руските сили гранатирале градови и села во Донбас, пред очекуваниот притисок за заземање на поголема територија.