Од Мијалков до Путин
МАКЕДОНИЈА - Три години затворска казна и конфискација на имот во вредност од околу 30 милиони евра, на ова се согласил поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков откако ја признал вината за случајот „Империја“, потврдува Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за МИА.
ЦРНА ГОРА - Усвоен е Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ) по повеќе од четири часа дискусија, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
ЈАПОНИЈА - Лидери на земји од целиот свет денеска му оддаваат почин на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе кој почина откако беше застрелан за време на политичка кампањата два дена пред изборите.
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека продолжувањето на санкциите против Русија може да доведе до катастрофални поскапувања на енергијата за европските домаќинства.
САД / МАКЕДОНИЈА - САД ја охрабруваат С. Македонија да продолжи на патот кон евроатланската иднина со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ, наведува американската амбасадорка Кејт Мери Брнз во отворено писмо до македонската јавност.
БУГАРИЈА - „Продолжуваме со промената“(ПП) го врати мандатот за формирање влада што претходно го доби од претседателот на Бугарија Румен Радев. Мандатарот Асен Василев не успеа да собере парламентарно мнозинство за нова бугарска влада.
МАКЕДОНИЈА - „На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година“, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека за тоа ќе се разговара на координацијата на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
МАКЕДОНИЈА - Граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог, попладнево го блокираа булеварот пред Владата. Блокади се најавени и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
РУСИЈА - Руските сили извршиле повеќе воздушни напади во нивните напори да ја преземат контролата врз источниот регион Донбас во Украина по предупредувањето од рускиот претседател Владимир Путин дека Русија сè уште не ја започнала својата кампања сериозно. Во еден од воздушните напади три лица загинаа, а пет беа ранети во регионот на Харкив, соопштија локалните властите. Сепаратистите поддржани од Русија во Доњецк соопштија дека едно лице загинало, а 11 се повредени од украинското гранатирање. Не беше можно самостојно да се проверат ваквите наводи.