Усвоен е Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ) по повеќе од четири часа дискусија, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
За усвојување на Основниот договор гласале 13 министри, пет биле против, додека тројца министри не присуствувале на седницата.
Со ова, Владата го усвои Договорот што претходно го договори премиерот Дритан Абазовиќ со патријархот на СПЦ Порфириj и покрај противењето на дел од министрите и парламентарното мнозинство кое ја поддржува таа Влада.
Вицепремиерот Рашко Коњевиќ изјави дека Владата на Дритан Абазовиќ на тој начин го губи парламентарното мнозинство кое досега ја поддржуваше.
По усвојувањето на овој документ, Основниот договор ќе биде испратен до Синодот на Српската православна црква со седиште во Белград, кој исто така треба да го прифати. Како што претходно најавија патријархот Порфирије и премиерот Абазовиќ, ќе се договори датумот за потпишување на Договорот во Црна Гора.
На СПЦ во Црна Гора и се овозможува екстериторијалност на верските објекти, ја отвора можноста за веронаука во државните училишта, се признава шест века подолг субјективитет отколку што СПЦ има во Србија, и се дава јавно-правни овластувања и во некои области овозможува правен статус еднаков на државните институции.
Истовремено додека траеше владината седница, пред зградата на Владата се одржаа протести на педесетина демонстранти кои се против потпишувањето на овој договор.