Почина поранешниот претседател на Ангола Жозе Едуардо дос Сантос

Ангола Жозе Едуардо дос Сантос

Поранешниот претседател на Ангола Жозе Едуардо дос Сантос почина денеска во болница во Шпанија на 79 години. Тој починал во Барселона по долго боледување, соопшти владата на Ангола.

Актуелниот претседател Жоао Лоренсо прогласи петдневна национална жалост.

Дос Сантос беше претседател скоро 40 години, од 1979 до 2017 година. По заминувањето од власт, претежно живееше во Барселона.

На претседателската функција стапи четири години откако Ангола стекна независност од Португалија.