Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 насто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето, изјави професор д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје на меѓународна конференција во Битола. „Тоа значи 15 насто надминување на лимитот кој го дава Светската здравствена организација-СЗО, додека нешто помал е лимитот што се надминува утврден од Европската унија. Мерењето на овие проценти се врши затоа што тоа се случаи кои може да се спречат. Со акции можеме да спасиме животи и затоа потребна е мотивација за еко акции кои не треба да ги организираат само политичарите, туку и граѓаните, стопанските објекти, интерсекторско организирање на акции кои ги има во планот на овој проект, треба да се знае дека новите препораки на СЗО се уште построги и затоа аерозагадувањето треба да биде приоритет број еден што треба да се решава“, без оглед на други проблеми во заедницата, посочи Ѓоргиев.
Загадувањето со јаглен во Западен Балкан останува масивно и опасно, соопшти Bankwatch
На завршната конференција во Битола, тој предочи дека со аерозагадувањето најмногу се напаѓаат белите дробови и затоа има респираторни болести, но студиите покажуваат дека скоро и да нема орган кај човекот кој не страда од аерозагадување. На меѓународната конференција се обратија замениците градоначалници на Битола и Лерин, Филип Стојановски од Центарот за климатски промени, универзитетскиот професор Дејан Мираковски и други експерти вклучени во проектот поддржан од Европската унија.