Европската комисија го следи процесот во Македонија за предлог преговарачката рамка на француското претседателство, изјави портпаролката Ана Писонеро на редовниот брифинг за медиуми во Европската комисија. „По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат“, изјави Писонеро.
Макрон: Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја
На прашање за содржината на преговарачката рамка и вклучувањето на билатерални прашања со Бугарија во предлогот, Писонеро ги упати новинарите кон веб сајтот на владата на Северна Македонија каде се објавени документи, но не даде коментар.