Руските сили извршиле повеќе воздушни напади во нивните напори да ја преземат контролата врз источниот регион Донбас во Украина по предупредувањето од рускиот претседател Владимир Путин дека Русија сè уште не ја започнала својата кампања сериозно. Во еден од воздушните напади три лица загинаа, а пет беа ранети во регионот на Харкив, соопштија локалните властите. Сепаратистите поддржани од Русија во Доњецк соопштија дека едно лице загинало, а 11 се повредени од украинското гранатирање. Не беше можно самостојно да се проверат ваквите наводи.
Повик за евакуација додека Русија ја ескалира својата офанзива во Доњецк
Москва ги префрли своите напади во Доњецк, откако во голема мера ја презеде контролата врз регионот Луганск и се фокусира врз Краматорск и Славјанск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека колку е поголема одбранбената помош за Украина сега, толку побрзо војната ќе заврши. Путин претходно им рече на пратениците дека Москва сè уште не започнала ништо сериозно во Украина, додавајќи дека земјите кои ја поддржуваат Украина не можат да ја поразат Русија на бојното поле.