Протести, пари, оставки...

МАКЕДОНИЈА - Државниот завод за статистика измери рекордна инфлација од 14,5 проценти за претходниот месец споредено со истиот месец лани.

МАКЕДОНИЈА - За 8 јули од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар како знак на протести против францускиот предлог за кој граѓаните бараат од Владата да го отфрлат затоа што води кон бугаризација. Вечер и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата.

МАКЕДОНИЈА - Опозициската Алијанса за Албанците (АА) објави дека ја прекинува соработката со сите политички субјекти кои прават политичко профитерство со анатемизирање на Албанците, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ со која соработуваше на последните локални избори.

ФИНСКА - Финска почна со зацврстување на својата граница со Русија откако пратениците одобрија поставување бариери и дозволија затворање на целата граница долга 1.300 километри во вонредни околности.

СРБИЈА - Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека не и е јасна резолуцијата на Европскиот парламент со која Србија и Косово се повикуваат да постигнат договор за нормализација на односите „врз основа на взаемно признавање“.

ФРАНЦИЈА - Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен момент од својата историја. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш, се вели во пораката од претседателот на Франција, Емануел Макрон, објавена од Француската амбасада во Скопје.

РУСИЈА - Руската војска соопшти дека руски авион го нападнал Змискиот остров во текот на ноќта, откако украинските војници тврделе дека го подигнале своето знаме на стратешката станица на Црното Море. Нападот се случи изутрината, „уништувајќи“ дел од украинскиот одред на островот, изјави генерал-полковник Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Новинските извештаи велат дека британскиот премиер Борис Џонсон се согласил да поднесе оставка. Би-Би-Си и другите медиуми соопштија дека се очекува Џонсон да даде јавна изјава денеска во врска со тоа. Не е јасно дали оставката ќе стапи во сила веднаш или ќе дојде подоцна. Вчера Џонсон изјави дека одбива да размислува за повлекување.