САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонијa во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. „САД е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави портпарол на Стејт департментот.

Протестите мирни, од петок блокади во цела земја против францускиот предлог

Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. „Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство’, наведуваат од Стејт департментот. „Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот, и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес“, рече портпаролот.