Времето денеска: променливо облачно и нестабилно

Променливо облачно, нестабилно и посвежо на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Дневната температура ќе се движи од 18 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време, со температура до 26 степени.