ДЗС: Рекордна инфлација од 14, 5 проценти во јуни

илустрација

Државниот завод за статистика измери рекордна инфлација од 14,5 проценти за претходниот месец споредено со истиот месец лани.

„Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,7 проценти“, пишува во соопштението на ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102,8, а индексот на цените на мало изнесува 102,4.

Согласно податоците кои ги објавува ДЗС се забележува дека има раст на цените кај основните продукти како маслото, лебот, млекото, месото и на месечно ниво.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај горивата за сопствените превозни средства за 17,2 отсто, течните горива за домаќинствата за 16,3 проценти, туристичките аранжмани за 6,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 6,2 проценти.

На почеток на претходниот месец престанаа да важат сите владини мерки за ублажување на ценовните шокови, по што цените на прехранбените производи пораснаа за околу 20 проценти.