Вучиќ: Македонците сами да одлучат за францускиот предлог

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Самитот на ЕУ за Западен Балкан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа во интервју за телевизија Сител изјави дека не може да им каже на Македонците дали е добар францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, но и дека не треба да прифатат или да отфрлат нешто априори и додаде дека на Србија многу и помогнало отворањето на преговорите со ЕУ. „Отворањето на преговорите со ЕУ ни помогна многу. Сега, дали е сè одлично и убаво во предлогот? Па, се разбира дека не. Дали сè е слатко? Се разбира дека не. Но, има и друго прашање, што е алтернативата“, изјави Вучиќ, додавајќи: „Можам да кажам само едно. Кога го прифативме Бриселскиот договор во 2013 година, тоа не беше особено добар договор за нас. Тешка спогодба со многу точки што луѓето во Србија не сакаа да ги слушнат или прифатат. Особено луѓето од Косово и Метохија. И денес, како што можете да видите, Бриселскиот договор е она на што најмногу се повикуваме“.

Вучиќ се надева на решение за Македонија, за Рама постапките на Бугарија се срамни

Како што истакна, потоа Србија ги отвори преговорите за членство во ЕУ и повеќе од двојно ги зголеми платите и доби значителни инвестиции, 62 насто од вкупните инвестиции за Западен Балкан. „Ние ги зголемивме платите повеќе од двојно. Тогаш имавме плати на ниво на Северна Македонија, нешто над 330 евра, а денес платите ни се во просек 640 евра, а наскоро ќе пораснат на 720 евра. Во Белград, Наскоро платите веќе во јануари ќе се искачат на над 910.920 евра Добивме огромен број инвестиции, 62 отсто од вкупните инвестиции за Западен Балкан“, изјави Вучиќ. Тој ги повика македонските граѓани разумно да ги постават работите, бидејќи само така ќе сфатат што добиваат, а што можат да изгубат на почетокот на преговорите со Унијата, нагласувајќи дека европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинско значење за сите.