Од Скендербег до Москва
БУГАРИЈА - Европската комисија ѝ доделува на Бугарија 11 милијарди евра за екологија, инфраструктура, вработување и аквакултура според договорот за партнерство за периодот 2021-2027 година, соопшти постојаното претставништво на земјата во Брисел.
МАКЕДОНИЈА - Инцидентот кој вечерва се случи за време на протестот против францускиот предлог, во кој имаше и пиштол вперен кон толпата ги вжешти партиските препукувања. Сите межусебно се обвинуваат „чиј е пиштолџијата“. Денеска се одржа петтиот по ред протест против францускиот предлог за симнување на бугарското вето за преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
ЕУ - Европратениците денеска гласаа за вклучување на природниот гас и нуклеарната енергија на листата на одржливи активности на блокот, поддржувајќи го предлогот на Комисијата на ЕУ кој наиде на жестоки критики од еколошките здруженија.
БУГАРИЈА - Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во Република Македонија, изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, одговарајќи на новинарско прашање. Таа појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, со протестна нота до македонскиот в.д. амбасадорот во Бугарија.
АВСТРИЈА - Францускиот предлог кој треба да доведе до почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија претставува „катастрофа за проширувањето“ на ЕУ смета Флоријан Бибер, професор за политика и историја на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац.
МАКЕДОНИЈА - Сојузот на синдикати на Македонија најави поднесување колективна тужба поради непочитување и неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата како и отсуството на социјален дијалог.
УКРАИНА - Украинските власти ги повикаа цивилите итно да го евакуираат градот Славјанск додека Русија ја ескалира својата офанзива за украинскиот регион Доњецк. Во денешниот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана се вели дека „постои реална можност битката за Словјанск да биде следниот клучен натпревар во борбата за Донбас“.
САД - Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен оваа недела ќе ги повика земјите од Г20 да извршат притисок врз Русија да ги поддржи напорите на ОН за повторно отворање на поморските патишта блокирани од конфликтот во Украина и да ги повтори предупредувањата до Кина да не ги поддржува воените напори на Москва.