Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведено лицето за кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека се обидело да го убие во текот не денешниот протест против францускиот предлог.
Од МВР засега немаат дополнителни информации за случајот.
Опозицискиот лидер вечерва на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, од кои едното со пиштол.
„Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР“, наведе Мицкоски во објавата.
Мицкоски беше дел до петтиот ден од протестите под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ со кој демонстрантите се противат на прифакањето на европскиот докумет, т.н. француски предлог со кој треба да се откочат евроинтеграциите за Македонија и да се крене бугарското вето. Бугарија веќе две години ја блокира Македонија за почеток на преговори за влез во ЕУ.
Инцидентот се случи на раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“, кај Мавровска, кога помала група почна да фрла тврди предмети кон демонстрантите. По полицијата интервенираше и ги раздели групите.
Протестот инаку започна пред Владата, по што продолжи кон Министерството за надворешни работи за да запре пред Собранието.