Голем број граѓани и вечерва се собраа пред Влада на протест против францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за почнување пристапни преговори со ЕУ. Под мотот „Ултиматум – Не благодарам“, тие го искажуваат својот револт од европскиот документ за кој сметаат дека е штетен за државата и националните интереси.
Со веење на македонските знамења и знамиња со сонцето на Вергина, како и голем транспарент на кој пишува „Со фашисти не се преговара“ тие се собраа пред Владата, од каде според најавите ќе се движат кон Министерството за надворешни работи, за да стигнат до Собранието.
На самиот почеток на протестот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос францускиот предлог, кои беа кажани и на денешната координативна средба со партиите од власта и опозицијата, додавајќи дека „ со „национален, македонски пристап може се да се смени“.
„Вие можете да преговарате како што преговара нашата Влада и не однесете во амбис, и да немате втора опција додека паѓате во амбис. Дали ќе ја прифатиме таа опција додека не сме во амбис- Не, благодарам, затоа велиме не за асимилација. И место да се консултираат со нас, тие водеа егзибистионички политики“ , рече Мицковски додавајќи дека со „национален, македонски пристап може се да се смени“.
Организирано насилство или уфрлени провокатори – како тоа ќе влијае на протестите?
Тој повика на масовност и го осуди насилството на протестите изминатиот ден.
Осуда претходно стигна и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој апалираше до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, тоа право да го искористат на демократски начин и „притоа да не дозволат да бидат изманипулирани“.
„Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни, истакна Спасовски.
Вчерашните протести ексалираа при што имаше повеќе повредени полицајци и приведени демонстранти.