Алфа рисрч: „Има таков народ“ не би влегла во новиот бугарски Парламент

Слави Трифонов

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека на предвремени парламентарни избори во Бугарија, доколку се одржат, партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ не би влегла во новото Народно собрание, бидејќи е под изборниот цензус. Според резултатите на анкетата, имало минимална разлика меѓу владејачката „Промените продолжуваат“ на Кирил Петков и опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов. Поддршката за „Промените продолжуваат“ е 20,2 насто, и во моментов е за еден отсто помала од таа на ГЕРБ, кои се на прво место со 21,5 насто поддршка од избирачите. БСП во моментов е на трето место со 11,5 насто, а „Има таков народ“ константно губи гласачи и на предвремени избори би останала под цензусот за влез во Народното собрание со 3,3 проценти.

Василев го доби мандатот за формирање нова Влада во Бугарија

„Демократска Бугарија“ би имала 7,1 отсто, а „Препород“ 7,9 отсто, со што двете партии влегуваат во битка за петтото место. Партијата на поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија „Подем за Бугарија“ на Стефан Јанев би добила пет отсто поддршка. Нова влада во рамките на актуелниот бугарски Парламент поддржуваат 49,5 отсто од испитаниците, а 46,7 отсто се за предвремени избори во Бугарија. Рејтингот на претседателот на Бугарија Румен Радев падна за осум проценти поради судирите меѓу партиите од владејачкото мнозинство и владата во оставка на Кирил Петков.