Додик, Изетбеговиќ и Човиќ на средба во Брисел со Вархеји

Еврокомесарот Оливер Вархеји

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска во Брисел ќе се сретне со европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји. Додик претходно изјави дека „нема да капитулира“ во Брисел, наведувајќи дека не е подготвен да ја жртвува Република Српска заради членството на БиХ во Европската унија. Во Брисел патуваат и лидерите на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ и ХДЗ БиХ Драган Човиќ, кои ќе имаат одвоени средби со Вархеји.

Додик се сретна со Путин во Санкт Петербург

Изетбеговиќ најпрвин изјави дека не можел да присуствува на состанокот како претставник на еден од конститутивните нации, а потоа побарал од Вархеји средбата да не биде трилатерална, туку Додик, Човиќ и тој да се сретнат одделно со еврокомесарот. Хрватскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Демократскиот фронт Жељко Комшиќ се спротивстави на заминувањето на Изетбеговиќ во Брисел. Тој оцени дека не може да има корист од средбата со Вархеји и дека Изетбеговиќ со тоа „само ќе му даде легитимитет на ставот кој ја гледа БиХ како општество на племенски заедници, а не рамноправни граѓани“.