Сарацин: Германија ќе ја придружува Македонија на европскиот пат

Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин

Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин кој престојува во Скопје изјави дека Македонија е пред вратата на ЕУ која, како што додаде, сега била толку широко отворена колку што не била долго време. „За мене е важно овој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. Овој европски компромис според мене е шанса. Кога видов што стои во последниот документ бев зачуден, бидејќи видов дека е тој компромис во кој се земени предвид барањата на Владата на Северна Македонија. Еден компромис никогаш не е перфектен, но овој предвидува процесот на преговори да почне веднаш по неговото прифаќање без натамошни одложување и блокади“, рече тој.

Мишел во мисија за поддршка на францускиот предлог

Сарацин подвлече дека има разбирање за грижата за идентитетот и јазикот да бидат доведени во прашање, но додаде дека македонскиот идентитет и јазик за Германија се јасни и со овој предлог се сочувани. Тој посочи дека има разбирање и за недовербата кон бугарската позиција, но едно е многу јасно, рече тој, кога процесот ќе заврши тогаш тој завршува. „Тука не се содржани блокадите од Бугарија, ќе има вистински преговарачки процес. Не можам да ветам каков ќе биде исходот од процесите во Бугарија, но сега треба да направите нешто за да се обезбедите за понесигурни времиња. Може утре да се затвори тој прозорец. Германија и ЕУ ќе направат се патот на Северна Македонија кон ЕУ да биде отворен низ постапка, но без постапка овој пат не е отворен“, појасни тој. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на прес-конференцијата што ја одржаа заедно со германскиот гостин предупреди на опасноста да се случи истото сценарио од 2008 година кога по неуспехот Македонија да влезе во НАТО поради грчката блокада, раководството имаше очекувања дека спорорт ќе завршиза неколку месеци, а беа всушност изгубени десет години.