Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен оваа недела ќе ги повика земјите од Г20 да извршат притисок врз Русија да ги поддржи напорите на ОН за повторно отворање на поморските патишта блокирани од конфликтот во Украина и да ги повтори предупредувањата до Кина да не ги поддржува воените напори на Москва. Блинкен оди во Азија на 6 јули на состанок на министрите за надворешни работи на Групата 20 на Бали на 8 јули. Неговото патување ќе ја вклучи неговата прва средба со кинескиот колега Ванг Ји од октомври, но не се очекува средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Турција задржа брод под руско знаме додека трае истрагата за житото што го превезува
Рамин Толуи, помошник државен секретар за економски и деловни прашања изјави дека Блинкен ќе ја покрене енергетската безбедност и иницијативата на ОН за враќање на украинските и руските прехранбени производи на глобалните пазари. Украина ја обвини Русија дека го украла нејзиното жито за време на инвазијата и ги блокира нејзините пристаништа за да го спречи житото да ја напушта земјата, што придонесе за глобален недостиг на храна. Украина, оваа недела соопшти дека води разговори со Турција и Обединетите нации за да обезбеди гаранции за извозот на жито. Москва негираше дека земала украинско жито, но сателитски снимки ги поткрепуваат наводите дека Русија транспортирала жито од Украина преку пристаништето Севастопол на Крим. Русија илегално го анектираше Крим во 2014 година.