Пратениците ќе формираат работни групи за забелешки на францускиот предлог

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Политичките партии ќе формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките за францускиот предлог за тргање на бугарското вето на македонските евроинтеграции. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека утре се очекува да биде првата средба.

Тој вели дека со ова дојде по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на сè она што е на штета на државата и националните интереси.

Мицевски вели дека предлогот е во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.

Како што додаде, првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека на Собранието е да одлучи дали ќе се донесе одлука за почнување на преговорите веднаш.