Регистрирани 293 нови ковид-позитивни, нема починати

Илустрација

Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство (МЗ) информираа денеска дека во последните 24 часа се направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на ковид-19 - најмногу во Скопје, Куманово и Битола.

„Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции. Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1“, соопшти МЗ.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Според директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот.