Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите вооружени сили не се откажуваат од нивните напори да ја „скршат“ волјата на Москва за продолжување на војната против неговата земја неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата војска да продолжи со офанзивата во источна Украина. Зеленски во својата најнова видео-порака изјави дека и покрај повлекувањето на Украина од Лисичанск, што ја приближи Русија до целосна контрола врз источниот регион Луганск, нејзините трупи продолжија да се борат.
За обнова на Украина ќе требаат 750 милијарди долари
„Треба да ги скршиме. Тоа е тешка задача. Потребно е време и натчовечки напори. Но, немаме алтернатива“. Украинските сили на 5 јули зазедоа нови одбранбени линии во Доњецк, каде што сè уште ги контролираат големите градови. Руските сили ги гранатираа градовите Славјанск и Краматорск во текот на ноќта, рече Павло Кириленко, гувернерот на Доњецк. Украинската војска соопшти дека се повлекла од градот Лисичанск доцна на 3 јули за да ги спаси животите на своите војници, додека Зеленски вети дека ќе го врати градот „благодарение на зголемената понуда на модерно оружје“.