Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се движи од 28 до 39 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 37 степени.