Демонстрантите ги турнаа оградите пред Влада и Собрание

Протест пред Влада, архивска фотографија.

Дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог за тргање на бугарското вето на македонските евроинтеграции вечерва ја турнаа оградата пред зградата на Владата во Скопје. Тие фрлаа кон зградата на Владата со тоалетна хартија, шишиња и јајца, а дел од нив им подаруваа цвеќиња на полицајците кои го обезбедуваа протестот. Откако ја поминаа заштитната ограда застана пред кордонот полицајци.

Потоа се упатија кон Собранието. Демонстрантите од кои најголем дел активисти на Левицаи, меѓу кои и партискиот лидер Димитар Апасиев и таму ја урнаа оградата и фрлаа со јајца кон собраниската зграда.

Протестите започнаа во саботната на повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На протестот се придружија и други парти и граѓански организации. Демонстратантите сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Од владејачката СДСМ ги осудија инцидентите и насилството на протестот, кој, како што велат, е организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.