Речиси 700 летови за време на летните одмори откажа белгиската подружница на Луфтханза, Брисел ерлајнс. Откажани се околу шест отсто од планираните летови, за да се намали обемот на работа и да избегнат штрајкови, соопшти авиокомпанијата во понеделникот.
Портпаролката на Брисле ерлајнс, Мааике Андриес вели дека сега ги исполнуваат барањата на синдикатите и дека се надеваат оти со тоа ќе може да се исклучат понатамошните активност, што се однесува на летото, а за долгорочни реченија ќе има состанок со синдикатите.
Откажувањето ќе доведе до загуба на 10,2 милиони евра приход, додава авиокомпанијата.
Пилотите и кабинскиот персонал минатиот месец одржаа тридневен штрајк откако се пожалија дека притисокот врз работата е преголем и дека компанијата била свесна за ситуацијата една година, но не успеала да ја олесни.
Низ Европа, штрајковите и недостигот на персонал ги принудуваат авиокомпаниите да откажат илјадници летови. Тоа предизвикува повеќечасовни редици на главните аеродроми, уривајќи ги надежите за прв летен одмор за многумина откако беа ставени во карантин од пандемијата на ковид-19.