Нови 290 случаи на коронавирус за време на викендот, нема починати

Тестови за коронавирус

Во изминатите три дена (од први од трети јули) регистрирани се 290 нови случаи на позитивни на ковид-19 од направени 1.695 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје има 186 нови случаи, потоа следат Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани сe 250 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.