Турција забележа највисока инфлација во последните 24 години

Годишната инфлација во Турција достигна 78,62 отсто

Годишната инфлација во Турција достигна 78,62 отсто во јуни, што е највисока од 1998 година, се наведува во денеска објавените официјалните податоци Турскиот статистички институт кој прецизира дека цената на потрошувачката кошничка пораснала за 4,95 проценти.

Ердоган сака дополнително да ја намали каматната стапка и покрај инфлацијата

Иако цените на храната се зголемија во многу земји, многумина го обвинуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган за економската криза во Турција. Руската инвазија на Украина, која ги зголеми цените на гасот, нафтата и житото, ја влоши ситуацијата во Турција зависна од увоз.