Бислимоски: Ќе поевтинат бензините

Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. „Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки“, изјави Бислимоски за телевизија 24.

Бислимоски соопшти проценти, избегна да каже конкретни цени за поскапата струја

Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.