Во последните 24 часа се направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи со КОВИД-19 и 97 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие не е пријавено ниту едно починато лице, но согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид -19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на 13 и 20 јуни. Едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на Ковид-19, а бројот на дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327.
Во моментов има 895 активни случаи од кои 514 се во Скопје, по што следат Битола со 61, Охрид со 42 и Куманово со 40 случаи.