Интерпелацијата на Џафери пред пратениците

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Пратениците во македонското Собрание денеска на дневен ред ја имаат расправата за интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери. Интерпелацијата е поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Дополнително, опозицијата обвинува и дека во изминатиов период имало повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пак вели дека интерпелација „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“.