Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се обрати на Самиот на седумте најразвиени земји Г7. Се очекува тој во обраќањето да го повика Западот да испрати понапредни системи за тешко вооружување, додека Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови и да предизвикува жртви и материјална штета.
Украинската воена команда рано на 27 јуни соопшти дека во регионот Одеса, во јужна Украина, имало. Ден претходно руските сили повторно го напаѓаа главниот град Киев, како и други украински градови.
Командата соопшти при денешниот напад во Одеса има шест жртви, меѓу кои и едно дете, но не е јасно дали станува збор за повредени или загинати. При нападот уништени се цивилни згради и фарми, а пожарникарите уште се борат да ги совладаат пожарите, соопшти Командата.
За време на викендот Украина беше цел на повеќе ракетни напади низ целата земја, Лвив до Хмелницки, Житомир, Чернихив и Киев.
Последните напади дојдоа кога Русија ја презеде целосната контрола врз клучниот град Сјевјеродонецк во источниот регион Луганск по неколку недели тешки борби кои го претворија градот во урнатини и сега се насочени кон блискиот Лисичанск.
Украинските власти повторно ги молат западните земи за повеќе оружје. Лидерите на Г7 почнаа дводневен самит на кој се очекува да објават дополнителни санкции за Русија.