Британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон се согласија да обезбедат поголема поддршка за Украина во војната со Русија, соопшти во неделата од Кабинетот на Џонсон во пресрет на денешниот самит на Г7 во Германија.
„Тие се согласија дека ова е критичен момент за текот на конфликтот и има можност да се промени плимата во војната“, рече портпаролот на Даунинг стрит во изјавата.
Двајцата лидери „ја истакнаа потребата да се поддржи Украина за да се зајакне нивната рака и во војната и во сите идни преговори. Претседателот Макрон ја пофали тековната воена поддршка на премиерот за Украина и лидерите се согласија да ја засилат оваа работа“, се вели во соопштението од Кабинетот .
Претходно британските власти најавија дека на Самитот дека ќе објават забрана за нов увоз на руско злато за да ги засилат санкциите.
Богатите Руси неодамна купуваа златни шипки за да го ублажат осилото на меѓународните финансиски казни што беа воведени откако руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари, се вели во соопштението на британската влада.
„Мерките што ги објавивме денеска директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе удрат во срцето на воената машина на рускиот претседател Владимир Путин“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Лондон соопшти дека извозот на руско злато изнесувал повеќе од 15 милијарди долари минатата година.
Забраната треба да биде објавена на 27 јуни, брзо ќе стапи на сила и ќе се однесува на ново ископуваното или рафинирано злато, соопштија властите.