Стотици луѓе со знаменца во боите на виножитото и транспаренти во раката "Само кревко его се плаши од еднаквост" и " Гордост, а не предрасуди" излегоа денеска на протестниот марш на третата по ред "Парада на Гордоста" која се одржува во центарот на Скопје. Под мотото "Излези за љубов, достоинство, еднаквост и правда" демонстрантите побараа да се почитуваат нивните права и различности, како и да нема дискриминација по ниту една основа. Тие испратија порака со како што велат, љубов и разбирање за граѓаните во Осло, каде што денеска нема да се одржи Парадата на Гордоста поради инцидентот во ноќниот клуб при што две лица загинаа а 20 -тина други се ранети.
Поддршка на денешната Парада на Гордоста дадоа и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевскс и вице премиерот за европски прашања а Бојан Маричиќ. Претходно на социјалните мрежи пораки за поддршка упатија премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.