Вучиќ- 16 од 27 лидери од ЕУ бараат Србија да се вклучи во санкциите против Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан 16 од 27 земји членки на Унијата директно или индиректно му зборувале за неопходноста Србија да се приклучи кон сакнциите за Русија . Тој во својот говор во Собранието истакна дека притисокот со кој се соочил на Самитот во врска со „воведување санкции против Русија“ не треба да оди во друга крајност.

„Гледам дека во земјава постои некоја голема хистерија против ЕУ , но не треба да мислиме дека можеме да имаме подобри партнери од ЕУ и дека можеме да имаме некој друг политички пат. Немојте да заборавите дека парите со кои располагаме, ги имаме благодарение на бројни инвестиции кои доаѓаат најмногу од ЕУ, “ изјави Вучиќ.

Хил - Србија да размисли дали е одржлива „неутралната позиција“ околу војната во Украина

Тој наведе дека во полицијата мора да постои рационален пристап, и понекогаш глас на прагматичен пристап со чија помош може да се води сметка за интересите на Србија. Вучиќ истакна дека во странските компании во земјата се вработени над 300 илјади српски државјани, а околку 500 илјади други на индиректен начин соработуваат со нив.

Вучиќ додаде дека Србија во својот европски пат има уште незавршени задачи кои до декември ќе треба да поработи на нив, особено во делот за владеење на правото.

Србија и покрај повиците од ЕУ, одбива да се приклучи кон западните санкции против Русија, кои се воведени поради неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина. Србија во ОН неколку пати се огласи дека ја осудува руската агресија.