Две лица се убиени, а 14 се повредени во масовно пукање во Осло во раните утрински часови на 25 јуни, соопшти норвешката полиција.
Пукањето се случило пред бар во центарот на норвешката престолнина и околните улици, соопшти полицијата.
Осомничениот, за кој се верува дека е единствениот сторител, е уапсен неколку минути по почетокот на пукањето, изјави портпаролот на полицијата Торе Барстад.
Лондонскиот паб, пред кој се случи пукањето, е популарен геј бар и ноќен клуб во центарот на норвешката престолнина.
Еден загинат, 37 ранети во експлозија на гас во дискотека во Баку
Барстад додаде дека засега не е познат мотивот и дека не е јасно дали пукањето има врска со Парадата на гордоста, која е закажана за 25 јуни.
„Полицијата е во контакт со организаторите на Парадата оваа сабота. Континуирано ќе се оценува какви мерки треба да преземе полицијата за да го заштити настанот и дали инцидентот воопшто има врска со Парадата“, изјави портпаролот на полицијата.
Од 14-те ранети, според полицијата, осум лица се задржани во болница.